29/10/2018
Симулација на земјотрес: над 2000 ученици евакуирани од училишните згради
Подрачното одделение за заштита и спасување- Струмица, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Општинската организација на Црвен крст-Струмица на ден 26.10.2018 (петок) во ООУ„Сандо Масев и СОУ „Јане Сандански„ организираа вежба за евакуација во случај на земјотрес во која учество земаа над 2000 основци и средношколци заедно со нивните професори. Вежбата се изведе паралелно во двете училишта, во две смени. Според сценариото, повеќе лица останале заглавени во повисоките катови од училишните згради и не можеле безбедно да се евакуираат, па затоа бил поставен специјален душек преку кој со скокање врз него се спасувале заглавените лица. Вакви вежби во иднина ќе се извршуваат и во други училишта, бидејќи евакуацијата на учениците најважно е да се реализира уште од најрана возраст. Поради тоа што кризите и катастрофите не може да се предвидат, потребна е едукација на сите категории на граѓани.