Weekly News

Logo

26/10/2018

Специјализирана обука зa заштита од пожари и тактичко-показна вежба нс Противпожарната единица на Макпетрол АД Скопје, Полнилница за течен нафтен гас"Миладиновци"-Скопје


Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување на 25.10.2018 година во Полнилницата за течен нафтен гас „Миладиновци“ - Скопје спроведе Специјализирана обука за заштита од пожари на Противпожарната единица за сопствени потреби на Макпетрол АД-Скопје, Полнилница за течен нафтен гас „Миладиновци“ - Скопје.
    Исто така, се спроведе и тактичко - показна вежба за евакуација на вработените и посетителите во случај на неконтролирано истекување течен нафтен гас и пожар во Полнилницата за течен нафтен гас „Миладиновци“ - Скопје.
1.    Основните цели на Специјализираната обука за заштита од пожари беа:
-    запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единицата за заштита и спасување од пожари;
-    спроведување на мерките за заштита и спасување;
-    обука на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност;
-    проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположливата опрема и МТС.
2.    Целта на тактичко - показната вежба беше запознавање на припадниците на единицата и вработените со основните знаења од областа на опасните материи, заштитата и спасувањето, како и оспособување на припадниците на единицата и вработените за специфичните околности што може да настанат под дејство на вондредни настани и да го загрозат животот или здравјето на вработените во текот на работењето.
    Тактичко - показната вежба ја изведоа припадниците на Специјализираната единица за противпожарна заштита на Полнилницата за течен нафтен гас „Миладиновци“ - Скопје врз основа на предходно подготвен опис на настанот (сценарио) од страна на Дирекцијата за големопродажба - Сектор за безбедност на Макпетрол АД-Скопје.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации