Weekly News

Logo

17/10/2018

Специјализирана обука за заштита од пожари и тактичко – показна вежба на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје, РЕ „Куманово“


            Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување на 16.10.2018 година на Станицата за снабдување со горива за моторни возила „Куманово“ бр.080 спроведе Специјализирана обука за заштита од пожари на Противпожарната единица за сопствени потреби на Макпетрол АД-Скопје, РЕ „Куманово“ и тактичко - показна вежба за евакуација на посетителите во случај на неконтролирано истекување течен нафтен гас и пожар на Станицата за горива „Куманово“ бр.080.

  1. Основните цели на Специјализирана обука за заштита од пожари беа:
  • запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единицата за заштита и спасување од пожари;
  • спроведување на мерките за заштита и спасување;
  • обука на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност;
  • проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположливата опрема и МТС.
  1. Целта на тактичко - показната вежба беше запознавање на припадниците на единицата и вработените со основните знаења од областа на опасните материи, заштитата и спасувањето, како и оспособување на припадниците на единицата и вработените за специфичните околности што може да настанат под дејство на вондредни настани и да го загрозат животот или здравјето на вработените во текот на работењето.

Тактичко - показната вежба ја изведоа припадниците на Специјализираната единица за противпожарна заштита на Макпетрол, РЕ „Куманово“ врз основа на претходно подготвен опис на настанот (сценарио) од страна на Секторот за безбедност на Макпетрол АД-Скопје.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации