Weekly News

Logo

17/10/2018

Специјализирана обука за заштита од пожари и тактичко – показна вежба на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје, РЕ „Кочани“ и РЕ „Струмица“


            Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување на 15.10.2018 година во Складот за запаливи течности „Кочани“ - Кочани спроведе Специјализирана обука за заштита од пожари на Противпожарната единица за сопствени потреби на Макпетрол АД-Скопје, РЕ „Кочани“ и РЕ „Струмица“ и тактичко - показна вежба за евакуација на вработените и посетителите во случај на пожар во Складот за запаливи течности во Кочани.

  1. Основните цели на Специјализирана обука за заштита од пожари беа:
  • запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единицата за заштита и спасување од пожари;
  • спроведување на мерките за заштита и спасување;
  • обука на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност;
  • проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположливата опрема и МТС.
  1. Целта на тактичко - показната вежба беше запознавање на припадниците на единицата и вработените со основните знаења од областа на опасните материи, заштитата и спасувањето, како и оспособување на припадниците на единицата и вработените за специфичните околности што може да настанат под дејство на вондредни настани и да го загрозат животот или здравјето на вработените во текот на работењето.

Тактичко - показната вежба ја изведоа припадниците на Специјализираната единица за противпожарна заштита на Макпетрол, РЕ „Кочани“ и РЕ „Струмица“ врз основа на претходно подготвен опис на настанот (сценарио) од страна на Секторот за безбедност на Макпетрол АД-Скопје.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации