Weekly News

Logo

15/10/2018

Специјализирана обука за заштита од пожари и ТАКТИЧКО - ПОКАЗНА ВЕЖБА на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје, РЕ „Кавадарци“


Специјализирана обука за заштита од пожари и ТАКТИЧКО - ПОКАЗНА ВЕЖБА на Противпожарната единица на Макпетрол АД-Скопје, РЕ „Кавадарци“

    Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување на 09.10.2018 година во Складот за запаливи течности „Кавадарци“ - Кавадарци спроведе Специјализирана обука за заштита од пожари на Противпожарната единица за сопствени потреби на Макпетрол АД-Скопје, РЕ „Кавадарци“ и тактичко - показна вежба за евакуација на вработените и посетителите во случај на неконтролирано истекување течен нафтен гас на Станицата за снабдување со горива за моторни возила „Кавадарци“ бр.083 и пожар во Складот за запаливи течности во Кавадарци.
1.    Основните цели на Специјализирана обука за заштита од пожари беа:
-    запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единицата за заштита и спасување од пожари;
-    спроведување на мерките за заштита и спасување;
-    обука на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност;
-    проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположливата опрема и МТС.
2.    Целта на тактичко - показната вежба беше запознавање на припадниците на единицата и вработените со основните знаења од областа на опасните материи, заштитата и спасувањето, како и оспособување на припадниците на единицата и вработените за специфичните околности што може да настанат под дејство на вондредни настани и да го загрозат животот или здравјето на вработените во текот на работењето.
Тактичко - показната вежба ја изведоа припадниците на Специјализираната единица за противпожарна заштита на РЕ „Кавадарци“ врз основа на предходно подготвен опис на настанот (сценарио) од страна на Секторот за безбедност на Макпетрол АД-Скопје.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации