02/10/2018
Обука на противпожарните единици на Макпетрол АД-Скопје РЕ Битола и РЕ Прилеп
Одделението за обука при Секторот за превенција,планирање и развој во ДЗС, во рамки на Центарот за обука, на 27.9.2018година во Складот за запаливи течности во Прилеп, одржа заедничка специјализирана обука на противпожарните единици на Макпетрол АД-Скопје РЕ Битола и РЕ Прилеп со цел:
-запознавање со системот за заштита и спасување и местото и улогата на единицата за заштита и спасување од пожари
-спроведување на мерките за заштита и спасување
-обука на припадниците на единицата и вработените во својот делокруг на активност
-проверка на можностите и постапките при употребата на единицата и расположивата опрема и МТС.
Организацијата и спроведувањето на оваа заедничка симулациската вежба, по утврдено сценарио на персоналот на Макпетрол АД-Скопје РЕ Битола и РЕ Прилеп, се изврши со цел подобрување на заштитните способности на персоналот и реакција во инциденти, вонредни, непредвидени и ситуации во услови на природни непогоди и други несреќи.