Weekly News

Logo

25/09/2018

Обука "Противпожарни средства и опрема и справување со пожари на отворен простор"


По барање на Министерството за Одбрана, во Центарот за обука"Д-р Џозеф Крузел", Дирекцијата за заштита и спасување, на 25 септември 2018 година, организираше специјализирана обука  "Противпожарни средства и опрема и справување со пожари на отворен простор" со цел обучување на припадниците на АРМ.
Свое обраќање имаше директорот на ДЗС, г-н Аднан Џафероски, кој ги истакна реализирните активности и обуки, кои досега Дирекцијата ги спровела, а, на крајот на учесниците на обуката им посака успешна работа и понатамошна соработка, при справување со природните непогоди и други несреќи, со цел заштита на граѓаните и материјалните добра.
Во обуката, од ДЗС, со свои излагања учествуваа:
- г-н Слободан Вуковиќ на тема "Карактеристики на шумските пожари на отворен простор, опасности, мерки и постапки при појава и справување со пожари на отворен простор"
- г-н Рамадан Асани на тема "Материјално-техничка опременост на силите за заштита и спасување и употреба на ПП апарати,хидрантска мрежа и формациски средства за ППЗ"
- г-н Веле Митровски на тема "Запознавање со карактеристиките на специјалните возила за гаснење шумски пожари и нивните перформанси
- претставници од ДЗС и ТППБр. на Град Скопје реферираа на тема "Сили и средства за гаснење пожари на отворен простор и употреба и намена на ПП возилата, МТС и опрема со кои располага ТТПЕ и практична настава со практична употреба на ПП возилата, МТС  и опрема"
Обуката беше заокружена со анализа, евалуација и доделување на сертификати.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации