Weekly News

Logo

17/08/2016

Донации преку Механизмот за цивилна заштита


Преку Механизмот за цивилна заштита на 17 Август 2016 пристигна донацијата од Република Бугарија.

Во Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Република Грција, Република Австрија, Република Чешка и Република Унгарија, а се очекуваат донациите од Република Словачка и Република Холандија.

Донациите се предадени во кругот на касарната Гоце Делчев во населба Аеродром каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На примопредавањето на донациите присуствуваа претставници од Амбасадите во Република Македонија како и претставници од владата на Република Македонија.

Донациите се состојат од: пумпи за вода и кал со различен капациет, генератори за електрична енергија со различен капацитет, шатори, кревети, кебиња, вреќи за спиење, кабаници, ракавици, чизми, лопати, колички, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, кутии за прва медицинска помош, медицинска опрема и др.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации