Weekly News

Logo

30/10/2018

Меѓународната вежба EU RIWATEREX 2018


Во периодот од 23-25.10.2018 год. претставник од ДЗС присуствуваше на меѓународната вежба EU RIWATEREX 2018, во програмата за набљудувачи. EU RIWATEREX 2018 е проект финансиран од Европската Унија и претставува дел од Годишната програма за вежби на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, координиран од Генералниот Директорат за цивилна заштита на Шпанија, во соработка со Регионалната Агенција за безбедност и итни состојби на Мадрид - 112 (Agencia de Seguridad y Emergencias Madrid 112). Проектот содржи одржување на меѓународна командно штабна и теренска вежба кои се одржаа во периодот од 22-26.10.2018 година во Мадрид. Сценариото предвидува широко распространето поплавување по должината на реката Јарама, предизвикано од невообичаени поројни дождови кои заедно со откажување на системите во неколку брани, резултираат со загрозување на населението и предизвикување на материјално технички последици на индустријата и инфраструктурата. Во пресрет на ситуацијата, регионалните власти побаруваат поддршка во форма на дополнителни тимови за интервенција, прво на национално ниво, а потоа, по постојано влошување на ситуацијата, на меѓународни тимови (модули за цивилна заштита на ЕУ, експерти од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ итн.). На тој начин, се увежбуваа распоредувањете и координацијата на регионалните, националните и меѓународните тимови за цивилна заштита, употребувајќи комплексен сет на интеракции и размена на информации. На вежбата учествуваа модули (тимови) за цивилна заштита од пет европски земји: Белгија, Франција, Италија, Португалија и Романија, кои беа мобилизирани преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Повеќе од 100 учесници спроведоа различни акции за спасување на вода со чамци, пумпање со пумпи со голем капацитет, урбано пребарување и спасување, спасување во пештери итн.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации