Weekly News

Logo

01/10/2018

Обука Клиничката болница Аџибадем Систина-Скопје


Одделението за обука при Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување во рамките на Центарот за обука, а во соработка со овластените лица на Клиничката болница Аџибадем Систина-Скопје, ќе ја организира и спроведе обуката согласно Наставните планови и програми за обучување за заштита и спасување.
Обуката ќе се спроведе од 1-5.10.2018 и од 8-12.10.2018 со почеток во 13 часот во Клиничката болница Аџибадем Систина-Скопје, во Скопје.
Со обуката ќе бидат опфатени околу 300 вработени на Клиничката болница ПЗУ Клиничка болница Аџибадем Систина-Скопје и ОРКА Холдинг АД Скопје, во групи од по 30 вработени.
Основната тема на обуката е: Употреба и користење на противпожарните апарати, МТС и опрема, како и стабилните системи за гасење пожар.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации