Weekly News

Logo

13/04/2018

Вежба за справување со пожар на отворен простор


На 13.04.2018 година, на местото викано "Рудине," над с. Пуста Брезница, Дирекцијата за заштита и спасување одржа вежба за справување со пожар на отворен простор. На вежбата учествуваа 2 тима за спасување од пожар, 2 авиони Air Tractor fire boss и едно безпилотно летало (дрон). Инаку регионот каде се одржа вежбата беше зафатен од пожар на отворен простор и претрпе големи штети во минатото.

Сценариото на вежбата беше да на две локации над селото интервенираат тимовите за спасување од пожар. На едната локација тимот успешно ја заврши операцијата на гасење, додека на втората локација поради големината на пожарот беше побарана асистенција од авионите за гасење на пожар на отворен простор на Дирекцијата за заштита и спасување, кои успешно ја завршија операцијата на гасење. За време на операцијата (за потребите на вежбата) едно повредено лице беше успешно евакуирано со медицинско возило.

Целта на вежбата беше практична проверка на подготвеноста за претстојната сезона на пожари на Дирекцијата за заштита и спасување. Се применија и проверија стандардните оперативни процедури и постапките при гасење пожар на отворен простор на земја и со поддршка од воздух. 

Ваквите практичени тренинзи Дирекцијата за заштита и спасување ги воспоставува како пракса и редовно ќе се применуваат со цел одржување во кондиција и максимална подготвеност на персоналниот и материјалниот состав. Со тоа ќе зголеми ефикасноста во справувањето со природните и други несреќи.

Во следните вежбовни активности на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат вкличени и други институции кои се дел од системот за заштита и спасување за унапредување на меѓусебната координација, комуникација и взаемното дејствување.

Видео

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации