Weekly News

10/07/2020

Уништувањето на НУС- неексплодирани убојни средства од страна на пиротехничарите при Дирекцијата за заштита и спасување


Вчера, 09.07.2020 на армискиот полигон Криволак започна уништувањето на НУС- неексплодирани убојни средства од страна на пиротехничарите при Дирекцијата за заштита и спасување. Уништувањето на НУС е комплексена операција која се одвива согласно Стандардна оперативна процедура за прифаќање, транспорт и уништување на НУС. Се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар кои се пронајдени од страна на пиротехничарите на повеќе локации во нашата земја и потекнуваат од Првата и Втората Светска војна. На операцијата присуствуваше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски каде му беа презентирани најсовремените средства за уништување на НУС, кои беа набавени од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот Џафероски, ја искористи оваа прилика да им да се обрати на пиротехничарите за решавање на нивниот статус, набавка на нова опрема и подобрување на условите за работа. Исто така, директорот ја истакна и потребата од вработување на млади пиротехничари и нивна обука за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување и за потребите на нашата земја.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации