Weekly News

Logo

23/06/2018

DPPI SEE DMTP 2018: Евакуација на пациенти,повредени и посетители од клиничка болница Аџибадем Систина


Во рамките на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи на Југоисточна Европа ДППИ ЈИЕ, а во организација на Дирекцијата за заштита и спасување и Клиничката болница "Аџибадем Систина" - Скопје, на 22 и 23 јуни 2018 година, се одржаа работилница и вежба на тема Евакуација на пациенти, повредени, персонал и посетители од болница, во случај на земјотрес. Во реализацијата на оваа меѓународна активност, на која учествуваа претставници од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Романија, Бугарија и Тирција, свој активен придонес дадоа Црвениот крст на Република Македонија и Територијалната противпожарна бригада на град Скопје.

        Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во болницата "Аџибадем Систина", увежбување на повеќе начини на евакуација, вклучително и на вода, со употреба на чамци во случај на попреченост на дргите пристапни патишта, спасување од урнатини, пружање прва помош, вршење тријажа и др. Гостите и учесниците на овој настан, за време на брифингот после вежбата, имаа прилика да разменат искуства и експертиза, изразувајќи задоволство и поддршка на ваков тип активности, каде има интеракција помеѓу преставниците од различни институции и организации, кои дејствуваат со интегрирани ресурси.

          Дирекцијата за заштита и спасување и Клиничката болница "Аџибадем Систина" претставуваат извонреден пример како 2 различни институции, низ континуиран циклус на обуки и вежби, успеале да воспостават комуникација и координација на завидно ниво и дека досегашната успешна соработка, која и натаму ќе се развива, дава извонредни резултат, препознатливи и надвор од границите на Република Македонија.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации