Weekly News

11/07/2019

Големо невреме во Преспанскиот регион


Во текот на вчерашниот ден 10 јули (среда) во попладневните часови се случи големо невреме во Преспанскиот регион. Дирекцијата за заштита и спасување како надлежна институција во вакви вонредни ситуации,  заедно со Локалната самоуправа на општина Ресен , излезе прва на терен заедно со свои тимови.
Првиот чекор на акцијата беше да се види дали во камп-населбата има заробено луѓе. Откако се установи дека нема такви проблеми, се продолжи со првата фаза од расчистување на теренот со цел нормално функционирање на камперите. Акцијата траеше  до раните утрински часови.
Утрово се приклучија нови екипи на ДЗС со човечки и материјално технички средства , кои заедно со единиците на Локалната самоуправа и други интитуции продолжија со расчистување на последиците од невремето. Од синојќа на лице место заедно со своите тимови беше и директорот на ДЗС, г-н Аднан Џафероски кој ја координираше акцијата уште во првите моменти после невремето.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации