Weekly News

29/05/2019

Период на нестабилно време


Следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно во попладневните часови. Особено поинтензивни процеси со локално невреме и појава на град се очекуваат во петок и за време на викендот. Подари северен ветер од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Информацијата е проследена од Управата за хидрометеоролошки работи.

За таа цел, Дирекцијата за заштита и спасување ги извести сите подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од  преземање  на мерки и координирани активности во рамките на своите надлежности.

ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации