Weekly News

30/03/2019

КОЈ ГИ СТАВА ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРИТЕ ВО ДРЖАВАТА


Изминатиов период пожари беснеат низ целава земја.Некои од нив се и од поголем размер, а некои освен врз животната средина, сериозно се закануваа и по животот на населението. Досега истите беа локализирани и ставени под контрола на цела територија во нашата земја благодарение на Специјализираното одделение со воздухоплови за воздушна поддршка кое во секое време е подготвено за делување. Станува збор за Елитната единица на Дирекцијата за заштита и спасување на нашата држава, составена од исклучително искусен и стручен воздухопловен кадар, професионалци со многу годишно воздухопловно искуство.Оваа Специјализирана воздухопловна единица изминатиов месец пожртвувано делуваше како тим и направи повеќе од 120 лета и исфрли на 300 тони вода. И директорот на Дирекцијата, г-н Аднан Џафероски, секојдневно е на терен, и е во постојана комуникација со сите Подрачни одделенија на Дирекцијата, со што будно ја следи ситуацијата и под контрола ја држи целата ситуација во државава. Дирекцијата за заштита и спасување со сите расположливи капацитети, со сите човечки и материјални технички ресурси, вклучително и специјализираното Авио одделение при ДЗС, како досега така и отсега, секојдневно ќе биде подготвено да делува таму каде што има потреба.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации