Weekly News

01/03/2019

Гаснење на шумски пожар на отворен простор


Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови при Дирекцијата за заштита и спасување, денес со два авиони е ангажирано да дејствува брзо во гаснење на шумски пожар на отворен простор во реонот на општина Лозово, во с.Ќосерели.
Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел до сите граѓани на Р. Северна Македонија:
- да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
- да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
- да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал;
- да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност  на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации