Weekly News

22/01/2019

Предлог акции за JАНУАРИ – ФЕВРУАРИ за чист воздух


Сообраќај 

Стимулирање на користење на алтернативен превоз:

• Поставување на дополнителни решетки за паркинг на велосипеди на вработените 

• Организиран превоз до работно место (за почеток вработени во ист правец со едно возило организирано) 

* Датум на реализација: 14 - 31 Јануари 

Отпад

• Воведување на мерка за исфрлање на пластична амбалажа за еднократна употреба во институциите контејнер од ПАКОМАК 

• Отпочнување на процес за воведување на административна работа без користење на хартија (Употреба на службен меил Лотус) 

* Датум на реализација: 23 Јануари 2019 година 

Озеленување

• Активности за озеленување на непосредната околина на институцијата со користење на украсни видови дрвја и уредување на дворот 

• Раззеленување на внатрешниот простор во институцијата 

* Датум на реализација:  28 Јануари, 13 Февруари и 25 Февруари

Енергетска ефикасност

• Замена на сијалици со штедливи сијалици 

* Датум на реализација: Февруари 

Инспекциски надзор 

Ве известуваме дека Секторот за генерален инспектор при Дирекцијата за заштита и спасување ќе изврши инспекторски надзор на мерката за заштита и спасување од пожари,експлозии и опасни материи, односно на одржување во исправна состојба на оџаците, димноводните уреди, системи за ваздух, системи за воздушно и водено греење, огништа-котли за парено греење во објекти, како и во индустриски и занаетчиски постројки. 

* Датум на реализација: 24 Јануари и 21 Февруари 2019 година

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации