• насловна
  • Линкови
  • Контакт
Мени
    • ЗА НАС
    • МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
    • ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
    • Односи со јавност
    • Јавни набавки
    • Упатства
    • ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Несреќи и катастрофи
Информирај се
  • Упатство за граѓаните
  • Фото галерија
  • Видео
Линкови
       1                1                1          
         1                1                1                1                1                1                1                1                1                1              
Управувачки комитет за справување со кризи

Скопје 07.03.2018

ohri

Управувачки комитет за справување со кризи: Сите надлежни институции работат во насока на превенција на појавата на поплави по интензивните врнежи од дожд и топењето на снегот   По интензивните врнежи од дожд и топењето на снегот, кои предизвикаа зголемување на водостоите нa неколку реки во Република Македонија, Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на 05.03.2018год. ја одржа својата 6-та седница. Со седницата претседаваше раководителот на комитетот, Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи. На неа присуствуваа и министерот за здравство, д-р Венко Филипче, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, како и заменич...

  • Прочитај повеќе
Донација од фирмата РОСОМАК С.А. од Поласка

Скопје 28.12.2016

ohri

Во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Варшава – Полска, фирмата РОСОМАК С.А. од Полска, која е производител на воена опрема, додели на Република Македонија донација која се состои од опрема за справување со поплави.Опремата ја сочинуваат пумпи за вода и кал со различен капацитет со вкупен број од околу 280 парчиња како и соодветни црева и резервни делови за истите, агрегати за електрична енергија со различен капацитет околу 30 парчиња и 51 носило.Опремата е пристигната во Република Македонија и сместена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување. Официјалното примопредавање и потпишување на договор за донација помеѓу РОСОМАК С.А. и ДЗС ќе се одвива во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување во касарн...

  • Прочитај повеќе
Пороен дожд во Кичево

Кичево 20.08.2016

ohri

    Во вечерните часови на 19 Август 2016 во Кичево имаше краткотраен пороен дожд кој на магистралниот пат Кичево – Охрид на местото викано „кај Млинот“ предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар.     По брзата интервенција на полицијата која го преусмеруваше сообраќајот кон споредните улици и Дирекцијата за заштита и спасување заедно со припадниците на противпожарната единица кои со помош на пумпа ја исцрпија водата, во многу краток период патниот правец беше оспособен за сообраќај.     Според подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување поројниот дожд не предизвика штети на други објекти освен на две возила кои беа заглавени во водата а ...

  • Прочитај повеќе
Донации преку Механизмот за цивилна заштита

Скопје 17.08.2016

ohri

Преку Механизмот за цивилна заштита на 17 Август 2016 пристигна донацијата од Република Бугарија. Во Република Македонија преку Механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Република Грција, Република Австрија, Република Чешка и Република Унгарија, а се очекуваат донациите од Република Словачка и Република Холандија. Донациите се предадени во кругот на касарната Гоце Делчев во населба Аеродром каде се наоѓаат просториите на Дирекцијата за заштита и спасување. На примопредавањето на донациите присуствуваа претставници од Амбасадите во Република Македонија како и претставници од владата на Република Македонија. Донациите се состојат од: пумпи за вода и кал со различен капациет, генератори за електрична енергија со различен капац...

  • Прочитај повеќе
Пристигна тимот експерти од Европската унија

Скопје 11.08.2016

ohri       Пристигна тимот експерти ангажиран преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија од областа на водовод и канализација за испомош на надлежните институции во процена на загрозеноста на водата за пиење и канализацијата и предлог мерки за надминување на констатираните пропусти.      Во текот на вчерашниот ден 10 Август 2016 започна со работа тимот на странските експерти задолжен за проценка на настанатите штети. Тие треба да помогнат и во процената на причината на настанување на штети и загубата на животи. Заедно со нив треба да ги увидиме и надминеме нашите пропусти во превенцијата и справувањето со природни несреќи од овој обем.

  • Прочитај повеќе
Syndicate content
[1] 2 3